Сликарство

 

Сликарските цртежи се почетните потези на уметноста. Времето го одбележуваат сликарите и нивните дела, современитите сликарски потези ја скицираат иднината. Изборот на сликарите и сликите во Светските Канцеларии каде се генерираат глобалните економски проекти не е индивидуален избор. На изборот на сликарите и сликите кои се претставуваат се отсликува стручноста на креативност и техниката. Грешките во изборот се најголемите ризици на секој проект и инвестиција во развојот на регионите во светот.
Ви ги претставуваме сликарите кои го развиваат својот талент и имаат креативна моќ која го задржува нашиот поглед, ги деконцентрира идеите во примерот кога погрешно избирате иднина која е современа толку колку што е и архаична вашата мисла.


Архитектура

 

Република Македонија се претставува со изложбата „Архитектура во огледалото: возвишено и секојдневно“ на 13-тата Интернационална изложба на архитектурата - Биенале во Венеција од 29 август до 25 ноември 2012. Изложбата е составена од 27 архитектонски дела, поставени со заедничка основа на огледална површина. Концептот на проектот е неговата трипартитна структура, ре-конструирани аналогни модели, централни огледални, внатрешни перспективи и перспективи од човечко око, како колажи со фрагменти од филмовите на Андреј Тарковски.

 
Уметнички креации

 

Уметнички креации се Оригинали од дрво, хартија, глина, текстил, метали,стакло и други природни или синтетички матерјали. Нивната естетска форма овозможува секојдневна употреба за секого. Креативниот дар на уметниците е во развивање од првите совети на нивните родители и пријатели до учеството
на организирани манифестации, саеми и обуки или семинари на сите видови образование. Оргиналите не воодушевуваат во просторот, го задржуваме погледот на цртежите и фрагментите кои се препознаваат.

 
Поезија

 

Струга е инспирација за поетите кои се среќаваат на Струшките вечери на поезијата во август веќе половина век за да ги прочитаат своите стихови на Мостот на поезијата на реката Црни Дрим и да ја понесат убавината на градот Струга и Охридското езеро со себе. Со читање на песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов пред Домот на поезијата во Струга, со кревање на фестивалското знаме и со палење на фестивалскиот оган свечено се отвори 51. издание на Струшките вечери на поезијата оваа година. Поетесата од Сирија ни се претстави со стиховите на Слободата кои се најзините најмоќни сојузници додека рускиот поет подлипнато им се закануваше на  продуцентите во просторот на медиумите, дека биле ајкули кои нема да го препливале слаткиот сон во Струга. Од Канада големата поетска душа ни призна дека и моливот што пишува поезија е плашлив, за да не биде плашлива поетовата љубена кога ќе се разделат. Јужноафриканскиот поет носителот на наградата Златен венец на поезијата ја прочита песната „Јоханесбург“, првиот град каде ќе ја однесел наградата. Поетот од Македонија кој го дишел истиот струшки воздух е добитник на наградата „Браќа Миладиновци 2012“ за најдобра поетска книга.

 

Фотографии

©2012 РЕНУ-Оригинали | РЕНУ-Оригинали | Правила | Контакт