Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com
 
Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Струшките вечери на поезијата 2012 се одржаа од 23-26 август во Струга, а традиционално беа отворени со читањето на песната „Т'га за југ“ од Константин Миладинов. 51. издание на Струшките вечери на поезијата заврши со врачување на Златниот венец на годинашниот лауреат јужноафриканецот Монгани Вали Сероте и  доделување на наградите „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Иселеничка грамота“ на поетскиот митинг „Мостови“ што се одржа на Мостот на поезијата во Струга. Поетски пораки од „Мостови" испратија и поетите Матеја Матевски и Хусто Хорхе Падрон.

Наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата за 2012 година му беше доделена на македонскиот поет Милош Линдро за делото „Основите на небото“. Признанието „Мостови на Струга“, што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант му припаднана на Французинот Франсоа Ксавие Мегр, додека наградата за најдобар македонски поет во дијаспората - „Иселеничка грамота“ ја понесе Ивица Челиковиќ од Гетеборг, Шведска.

Највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен венец за првпат му е доделен во 1966 година на рускиот поет Роберт Рождественски за најдобра песна, а од 1971 година, кога лауреат бил американскиот поет Вистан Хју Одн, Златниот венец се доделува за творештво.
Првпат во историјата на фестивалот беше доделена награда за младата македонска поезија. Наградата „Енхалон" за најдобра песна на одржаните „Ноќи без интерпункција“ ја доби Славица Гаџова за песната „Писмо 12".

Веб страната на Струшките вечери на поеѕијата е достапна на интернетната страна  http://www.svp.org.mk/

   
Љубен Цветкоски ЉЦ1 Љубен Цветкоски ЉЦ2 Љубен Цветкоски ЉЦ3
     
Љубен Цветкоски ЉЦ4 Љубен Цветкоски ЉЦ5 Љубен Цветкоски ЉЦ6
     
Љубен Цветкоски ЉЦ7 Љубен Цветкоски ЉЦ8 Љубен Цветкоски ЉЦ9
     
Љубен Цветкоски ЉЦ10 Љубен Цветкоски ЉЦ11 Љубен Цветкоски ЉЦ12
     
Љубен Цветкоски ЉЦ13 Љубен Цветкоски ЉЦ14 Љубен Цветкоски ЉЦ15
     
   
Љубен Цветкоски ЉЦ16